Истанбул

Приказна од ориентот

Агенда:

1 ДЕН СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Истанбул. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Аја Софија, Плавата џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија,Бејазитова џамија, Универзитетот,Римскиот аквадут,Златниот рог,Хотелот Пера Палас (Каде Агата КРисти го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија,Рустем Пашина џамија, , Сулејманија,Фатих џамија. Сместување во хотел. Факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул- Ускудар –Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км за 4 минути, 60метри под нивото на водите на Босфор..Европа-Азија), прекрасно место за кафе. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост, симболот на Истанбул – ноќна панорама на Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ – БОСФОР

Појадок. По појадокот факултативна посета и разглед на Аја Софија, Топ Капи и Долма Бахче сарај –последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, со вклучена влезница и водич. По разгледот следи факултативно крстарење по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Во поладневните часови посета на Таксим и Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини.. Во вечерните часови, ножност за факутативна вечерља во Национален Ресторан, за незаборано доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на МинијаТурк парк. Попладнето посета на познатиот шопинг центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ДЕН СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел 3*/4* на база 2 ноќевања со појадок;
  • Организиран разглед на Истанбул со локален водич;
  • Посета на Аја Софија;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Топ Капи со вклучена влезница
  • Посета на Азискиот дел – Ускудар – Белербеј, под подводниот тунел
  • Посета на Долма Бахче Сарај (вклучена влезница и водич)
  • Крстарење со брод по Босфор (со локален водич)
  • Вечера во национален
  • Посета на МинијаТурк Парк
  • Патничко и здрвствено осигурување

Контактирај нé